Тотенхем веќе обезбеди големо засилување во дефанзивата, купувајќи го 50 милиони евра Кристијан Ромеро, но тука не запираат.

Белите од Лондон тргнуваат по уште двајца играчи со кои сакаат да ја засилат конкуренцијата во својот состав.

Станува збор за фудбалерот на ПСВ, Нони Мадуеке и одличниот Данец од Сампдорија Микел Дамсгард.

Не е познато која сума ќе биде потребна за Мадуеке, но јасно е дека сумата ќе биде проблем за Дамсгард, особено ако се знае дека тој имаше одлично Европско првенство, поради што сигурно Сампдорија ќе сака да заработи убаво на него.