Новиот тренер на Барселона ќе има многу работа до крајот на летниот преоден рок. Можно е повеќе од 10 првотимци да бидат продадени и да бидат ангажирани нивни замени.

Островските медиуми пренесуваат дека Куман верува дека Мајкл Кин од Евертон е одлична замена за Пике. Куман добро го познава Кин, дефанзивецот кој го купи во 2017 година кога беше на клупата на Евертон.

Со Барселона се поврзуваат и Мемфис Депај од Лион и Ван Де Бек од Ајакс. Во меѓувреме од Англија тврдат дека Вајналдум од Ливерпул е пред потпис со Барселона откако плејмејкерот на „црвените“ одбил ново договор и сака трансфер во тимот на Куман.