Бразилската легенда Роналдињо важи за еден од најголемите виртуози кои истрчале на фудбалските терени, а бразилскиот ас веќе една година е во фудбалска пензија.

Роналдињо на 19.август на „Камп Ноу“ каде ги достигна најголемите успеси во кариерата ќе се опрости и официјално од фудбалот, во натрпевар на кој учество ќе земат голем број на светски фудбалски ѕвезди.

Се шпекулира дека честа да одиграат уште еднаш покрај и против Роналдињо ќе имаат Пирло, Анри, Роберто Карлос, Савиола, Малдини, Недвед и други.

Популарниот „Гаучо“  кариерата ја започна во Гремио, а потоа замина во Европа, потпишувајќи за ПСЖ. Од Париз се пресели во Барселона, тим во кој со своите настапи стана еден од најомилените фудбалери на фановите на „каталонците“.