Во осумчасовен престој во полициска станица, поради влез во Парагвај со фалсификувани документи, Роналдињо е пуштен на слобода.

Но, допрва го чека суд, каде според парагвајските закони може да добие до пет години затвор.

Роналдињо, заедно со својот брат Роберт Асис, дојде во Парагвај за да ја промовира својата книга „Гениј на Животот“, но и да биде дел од еден хуманитарен проект.

Ова не е прв пат Роналдињо да има сличен проблем. Во 2018 година му беше запленет пасошот, се додека не ја плати казната за бесправно изграденото пристаниште во Порто Алегре.

Беше казнет со 8,5 милиони евра и му беше забрането да го напушта Бразил.

Интересно, во 2018 година бразилскиот претседател Болсонаро го назначи Роналдињо за туристички амбасадор на земјата – иако тој не смееше да ја напушти истата.