Роналдо, оној „вистинскиот“ разговараше со Алесандро Дел Пјеро на Инстаграм, двете легнеди на европскиот и светски фудбал, разговараа на фудбалски теми.

Бразилецот се потсети на моментите кога играше кај Интер, болна точка му е што не освои титула со клубот од Милано во 2002 година, Роналдо тогаш пропушти меч топка за Скудетото против Лацио на 5 мај, загуби а со тоа и тиутлата отиде во рацете на Јувентус.

„Секој пат кога ќе се сетам на тој натпревар плачам, плачам кога ќе видам некоја фотографија од тој меч, ни требаше победа, Лацио не беше во игра, загубивме, тоа е рана што не се лечи“ – рече Роналдо.