Новите засилувања и ангажманот на Сари на клупата на Јувентус му дава дополнителна самодоверба на Кристијано Роналдо во обидот да ја освои петата титула во кариерата во Лигата на шампионите на УЕФА.

„Откако освоив се што можеше да се освои со Реал Мадрид ми беше потребен нов предизвик и нова мотивација. Сеуште има сила за да продолжам да победувам. Јувентус ќе ја освои Лигата на шампионите, не знам дали тоа ќе биде оваа година или следната но тоа ќе го направи наскоро“ – изјави Роналдо.

Јувентус и оваа сезона ќе биде еден од главните фаворити за освојувањето на европски трон.