Кристијано Роналдо е пред заминување од Јувентус,  Португалецот започна кај Спортинг и по цели 18 години има можност да се врати на местото од каде се започна…

Медиумите од Италија пишуваат дека разделбата е се поизвесна меѓу Јувентус и Роналдо, можен е трансфер во друг клуб и тоа во Спортинг, барем ако се верува на шпекулацијата од неговата мајка.

Марија Долорес изјавила дека  нејзиниот син ќе игра за Спортинг Лисабон.

„Ќе разговарам со него, ќе го убедам, следната сезона тој ќе игра на за Спортинг“, изјавила Марија Долорес.