Првата ѕвезда на Јувентус, Кристијано Роналдо не бил на вчерашниот утрински тренинг откако добил дозвола да ја посети фабриката на Ферари во Маранело заедно со Андреа Ањели и Џон Елкан.

Напаѓачот по посетата решил да си купи и ново Ферари и со ова да ги „залечи“ раните по неуспешната сезона во ЛШ и по загубената битка за тројфејот во Серија А.

Роналдо има договор со Јувентус до јуни 2022 година, а се уште останува непознато дали ќе остане во Торино или ова лето ќе го промени клубот.

Многу работи ќе зависат од тоа дали Јувентус ќе избори пласман во ЛШ за новата сезона.