Престижната „GazzettadelloSport“ објави неверојатни податоци од заработката на Роналдо и Меси преку социјалните мрежи.

Роналдо е подобар од Меси, Португалецот на „Инстаграм“ има заработено 44.1 милион евра од спонзорирани постови, двојно помалку има Аргентинецот, заработи „само“ 21.2 милиони евра.

Фудбалерот на Јувентс го води Меси и по бројот на следбениците на „Инстаграм“, Роналдо го следат 186 милиони, Аргентинецот има 133 милиони.

Двајцата се „магнет“  на социјалните мрежи преку кои заработуваат цело богатство објави „GazzettadelloSport“, но Португалецот е победник констатира весникот од Италија.