Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо го собори рекордот на шпанскиот голман Икер Касиљас по бројот на настапи во Лигата на шампионите.

Роналдо го одигра својот 178 -ти настап во најсилното европско натпреварување на вчерашниот  натпревар против Виљaреал на „Олд Трафорд“, со што го собори рекордот на Касиљас.

Португалецот ја започна својата кариера во Лигата на шампионите во дресот на Јунајтед на 1 октомври 2003 година, со пораз во Штутгарт.