Навивачите на Јувентус се во очекување на најавениот состанок за „помирување“ меѓу Сари и Кристијано Роналдо.

Италијанските медиуми најавија дека целата збрка во соблекувалната на „Старата Дама“ е минато но сега тврдат дека односот меѓу Роналдо и Сари сеуште треба да се „пегла“.

Најдоцна до петок, менаџерот на Јувентус и капитенот на Португалија ќе имаат официјален состанок се очекува да бидат „закопани секирите“ и ситуацијата да се нормализира.

Инаку целата збрка настана откако Роналдо беше неколку пати заменет од Сари на натпреварите во Серија А.