Градските власти во Манчетсер денеска дадоа зелено светло за проектот на поранешната ѕвезда на Манчестер јунајтед Кристијано Роналдо за изградба на луксузен хотел.

Португалецот планира да отвори 11-катен хотел со четири ѕвезди во центарот на Манчестер, вреден близу 27 милиони фунти, а се очекува хотелот да биде отворен за првите гости на почетокот на 2023 година.

Роналдо веќе има шест хотели во различни делови на светот – Мадеира, Париз, Њујорк, Лисабон, Мадрид и Маракеш.

Роналдо во хотелскиот бизнис ќе има конкуренција во неговите поранешни соиграчи во Јунајтед браќата Гери и Фил Невил, Рајан Гигс, кои од 2015, исто така, поседуваат хотел во Манчетстер.