Кристијано Роналдо уште една сезона во Јувентус, ова станува извесно откако неговиот менаџер Жорге Мендеш не најде соодветен нов клуб за Португалецот, пишуваат медиумите од Италија.

Според информациите од „чизмата“, Роналдо ќе остане во Јуве до јуни 2023 година, ова го тврди „L’Equipe“ повикувајќи се на извори блиски до менаџерот на Португалецот.

Јувентус ќе има силен тим и во новата сезона во која примарна цел е да го симне Интер од тронот, жестоко ќе го нападне со Роналдо, пишува „L’Equipe “.