Кристијано Роналдо е еден од најдобрите португалски спортисти на сите времиња, а својата класа ја потврдува од година во година.

Напаѓачот на Јувентус доминира на португалската, но и светска фудбалска сцена во последните 12 години,па поради тоа 10 пати е прогласен за најдобар фудбалер во оваа земја.

Тоа признание му припадна и оваа година, по јубилеен 10 пат, а во последните 12 години само Пепе во 2014-та и Симао во 2010-та година успеаа да ја понесат оваа награда.

Конкуренцијата на Роналдо оваа сезона беше прилично сериозна – негови противкандидати беа Бернардо Силва од Манчестер Сити и Жоао Феликс, новата ѕвезда на Атлетико Мадрид.

Сепак, петкратниот освојувач на Златната топка повторно го освои ова признание затоа што ја освои Серија А со Јувентус, а беше и најдобар стрелец во таборот на „Бјанконерите“, иако не беше најдобар стрелец во италијанската лига.