Еден од најдобрите фудбалери во историјата, Кристијано Роналдо во моментот се наоѓа во својата татковина  во родниот град Мадеира, а преку социјалните мрежи испрати емотивна порака.н

Португалскиот ас нема да се врати во Торино додека трае кризата со коронавирусот.

„Светот минува низ тежок момент кој бара комплетна нега и внимание од наша страна. Ви се обраќам не како фудбалер, туку како син, татко, човек, загрижен за последните случувања во светот. Важно е да ги почитуваме препораките на Светската здравствена организација и телата кои се надлежни за ситуацијата. Заштитата на човечкиот живот мора да биде пред Сè.

Би сакал да кажам дека сочуствувам со сите кои се борат со вирусот, или имаат блиски кои се борат со вирусот, како мојот соиграч Даниеле Ругани. Професионалците во здравството ја имаат мојата комплетна почит и поддршка, затоа што ги ставаат сопствените животи во ризик за да спасат други“, напишта Ронадло.