Кристијано Роналдо од вчера е во самоизолација, Португалецот е позитивен на Ковид-19, го пропушта мечот со Шведска вечерва, со сигурност и дуелите со Кротоне во калчото и Динамо Киев во Лигата на шампионите.

Португалецот ќе биде под знак на рашање и за мечот со Барселона во Лигата на шампионите, овој натпревар се игра на 28 октомври, прашање е дали Роналдо ќе биде подготвен за враќање на тернот на овој значаен меч за Јувентс.

Протоколот на УЕФА налага, играчот кој бил позитивен на Ковид-19 може да се врати на натпреварите во ЛШ доколку минимум седум дена претходно бил негативен на коронавирусот.