Најдобриот фудбалер на Португалија, Кристијано Роналдо реши јавно да ја искритикува трансфер политиката која владее со модерниот фудбал. Според него цените кои се плаќаат за некои профили на играчи не се во ред.

„Ако го тргнеме на страна случајот со Феликс, се купуваат играчи за 100 милиони кој не покажале ништо посебно. Има многу пари во модерниот фудбал. Централен бек или голман чинат по 70 и 80 милиони евра. Не се согласувам со ова но ова е светот во кој живееме и мора да се почитува.“ – изјави Кристијано Роналдо.

Роналдо во 2009 година се пресели од Манчестер Јунајтед во Реал Мадрид за тогаш рекордни 94 милиони евра а минатата година направи трансфер во Јувентус кој клубот од Торино го чинеше 100 милиони евра.