Манчестер Јунајтед со неверојатен пресврт со голот на Кристијано Роналдо ја совлада Аталанта со 3:2 на „Олд Трафорд“ во Лигата на шампионите, и со ова Солскјер начелно се спаси од отказ.

Ова секако не беше официјално потврдено, иако во Англија на големо шпекулираа дека ако Јунајтед загуби, Солскјер ќе биде сменет, а Зидан е главен фаворит за нов менаџер на „Ѓаволите“.

Роналдо по втор пат го спаси Солскјер, но дуелите со Ливерпул и Тотенхем кои престојат ќе бидат клучни околу убедувањето на управата за тоа колку Солскјер вистински има капацитет за клубот да освои било каков трофеј оваа сезона.

Во недела Јунајтед го дочекува Ливерпул во дербито на Премиер лигата со амбиција победа против екипата која го има Салах во животна форма.