Кристијано Роналдо пред една седмица стигна до магичната бројка од 700 постигнати голови својата кариера, а вечерва има голема можност да дојде до уште еден чудесен рекорд.

Португалецот во досегашниот тек на кариерата во Шампионската лига ги тресеше на 33 различни екипи, а доколку вечерва постигне гол против Локомотив Москва ќе избие сам на листата во оваа категорија. Моментално ЦР7 е на делба на првата позиција со легендата на Реал Мадрид, Раул Гонзалез.

Дуелот меѓу Јувентус и Локомотив Москва на програмата е вечерва од 21:00 часот, а „Старата дама“ доколку слави со една нога ќе биде во осминафиналето.