Јувентус синоќа на домашен терен го совлада Баер Леверкузен со 3-0, а третиот гол беше дело на Кристијано Роналдо кој уште еднаш се запиша во историјата на најелитното клубско првенство.

Во натпреварот против германскиот тим Кристијано успеа да го сруши рекордот на Икер Касиљас по број на победи во ЛШ со обзир на тоа дека стигна до броја од 102, а легендарниот шпански голман и поранешен соиграч на Роналдо остана на бројот 101.

Исто така, Португалецот со голот против Леверкузен изедначи и рекорд на Раул погодувајќи против 33 различни клубови и веројатно набрзо ќе го сруши и тој рекорд.

Роналдо, исто така е еден од тројцата фудбалери покрај Меси и Раул, кој 14 сезони по ред постигнува барем еден погодок во лигата на шампиони.