За Кристијано Роналдо се мислеше дека е најбогат играч  на светот со милијарда ева на контото, но сме биле во заблуда, Португалецот е сиромав ако се спореди богатството на Фаик Болкиа од Лестер.

Болкиа има само 22 години, игра за Лестер во Премиерлигата, нема ниту еден настап за овој клуб од Англија но е капитен на репрезентацијата на Брунеи.

Сепак да нема забуни, богатството на Болкијах не е стекнато преку фудбалот, тој е син на Принцот од Брунеи, Џефри Болкиа кој „тежи“ 20 милијарди евра.

Фаик трпеливо ја чека шансата кај Лестер за деби настап, игра фудбал од 7 години.