Кристијано Роналдо решил дека не сака да има ништо  со Саудиска Арабија, поради последните најави за злоупотреба на човековите права во оваа земја.

Португалецот добил понуда од Владата на Саудиска Арабија да биде дел од маркетинг кампања за туризам за што би заработил 6 милиони евра за една година.

Слична понуда добил и Меси, но напаѓачот на Барселона се уште немал донесено одлука по однос на ова прашање.

Кампањата се вика „Visit Saudi“ а предвидено е во неа да бидат вклучени светски познати личности, буџетот за ангажман е над 50 милиони евра.