Кристијано Роналдо има 36 години. Претходните 13 години светски фудбал беа обележани со доминација на него и Лионел Меси. Двоецот освои 11 од 12-те Златни топки во тој период (не беше доделен минатата година), а доминацијата накратко ја прекина само Лука Модриќ.

Роналдо и Меси се уште се важни лостови на нивните тимови, но се чувствува како да одат подалеку од врвот на својата кариера. Новинарите кои присуствуваа на прогласот на Роналдо за глобален амбасадор на Лајвскор  беа заинтересирани за кого Португалецот гледа играчи кои ќе ги заменат него и Меси и ќе го преземат приматот на светскиот фудбал.

“Тешко е да се покаже прстот кон само еден играч, но возбудливо е да се гледа како доаѓа оваа нова генерација. Ерлинг Халанд и Килијан Мбапе се момците што доаѓаат и тие се фантастични. Некои играчи може да имаат една или две одлични сезони, но најголемите се во состојба да држат високо ниво многу долго. Потребно е многу напор и работа “, одговори напаѓачот на Јувентус.

“Се надевам дека ќе ме паметат како одличен играч, како некој што работеше напорно и секогаш даваше се од себе за да му помогне на тимот. Мислам дека го заслужив своето место во историјата”, заврши Роналдо.

Португалецот оваа сезона постигна 29 погодоци на 33 настапи во лигата. Јувентус можеби дури и да не се квалификува во Лигата на шампионите, но тој веројатно ќе биде најдобар стрелец во Серија А.