Петкратниот освојувач на Златната топка, Кристијано Роналдо признал дека и платил 375.000 долари на поранешната манекенка Кетрин Мајорги, а со цел вонсудски да се договори по нејзините обвинувањата за силување во Лас Вегас во 2009 година.

Ваквите вести одекнаа во американските медиуми кои потсетуваат дека Кетрин го обвинуваше популарниот фудбалер за сексуален напад во хотелски апартмен пред 10 години, додека пак Роналдо тврдеше дека чинот се одиграл со согласност од двете страни.

Според американските медиуми, во 2010 година била постигната вонсудска спогодба, но сепак седум години подоцна случајот се дозна во јавноста иако Роналдо тврдеше дека нема никаков договор.

Во август 2018 години манекенката се обиде да ја поништи спогодбата и да по покрене случајот по судски пат, но истрагата во јули годинава е стопирана поради недостиг на докази.

Извори на Си-Ен-Ен откриваат дека таков договор навистина бил постигнат, како и дека со него Португалецот бил обврзан да исплати огромна сума. Во ниту еден документ не е наведено дека Роналдо и нанел било какви повреди на Американката, а двете страни се обврзале на молк. Документите биле објавени и од страна на адвокатите на Роналдо.