Првиот стрелец на Јувентус во оваа сезона, Кристијано Роналдо доколку денеска добие шанса од Сари против Спал во Серија А ќе го одигра 1000 натпревар во сениорска конкуренција.

Португалецот до сега има одиграно 835 натпревари на клупско ниво и 164 меча за репрезентацијата постигнувајќи 724 голови.

Петкраниот освојувач на „Балон О`Дор“ ја започна кариерата Во Спортигн Лисабон по што во 2003 година се пресели во Манчестер Јунајтед. По ова следуваше трансферот во Реал Мадрид каде остана шест сезони. Во Јувентус пристигна во 2018 година.