Напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо нема да биде во составот на „Старата Дама“ за денешното дерби со Барселона во Лигата на шампионите поради позитен Ковид-19 тест.

Тој на социјалните мрежи објави фотографија над која напиша: Се чуствувам добро и здраво, Форца Јуве.

На ова следуваше негов коментар: ПЦР тестовите се срање!

Португалецот е фруструран што нема да може повторно да се соочи со Меси кој неодамна изјави дека посакува Роналдо да оздраве и да се видат на зелениот терен.