Пред можното полуфинале на Копа Америка меѓу Бразил и Аргентина се огласи поранешниот репрезентативец на „кариоките“  и легенда на светскиот фудбал, Роналдо.

Бразилската и светска легенда,  смета дека ривалството меѓу Бразил и Аргентина е здраво за фудбалот, односите меѓу двете земји се одлични и доколу се сретнат во полуфиналето на Копа Америка тоа ќе биде спектакл.

„Бразил и Аргентина со своето ривалство направија многу за фудбалот во Светот, имам многу пријатели во Аргентина, нив ги нарекувам браќа, тие го имаат Меси, му посакувам да игра фудбал цел живот, тое е човек кој на луѓето им носи радост“ – изјави Роналдо.

Бразил кој е домаќин на Копа Америка во четвртфиналето се реќава со Парагвај, селекцијата на Аргентина за противник ја има Венецуела, ове средби се играат ноќта меѓу четврток и петок, победниците ќе се сретнат во полуфиналет, сите навиваат тоа да бидат Бразил и Аргентина.