Еден од најдобрите фудбалери во историјата, Кристијано Роналдо, денес го слави 35 роденден, но неговите перформанси се сеуште на завидно ниво.

Како што вика тој за „Тутоспорт“ тоа е резултат на тренинзите и единствена причина да не биде на тоа ниво е кога ќе снема мотивација.

„Мислам дека можам да играм и до 40 година. Дисциплиниран сум како и порано, а тоа до кога ќе играм единствено зависи од мојата мотивација. Сеуште сум гладен за успеси и трофеи и засега не размислувам за пензија“-изјави Португалецот.

Португалската  суперeѕвезда во последните два месеци е во одлична голгетерска форма, односно на последните 9 натпревари во Серија А забива најмалку по еден погодок. беше од витално значење за оваа кампања на Јувентус и во моментов е во бегство од девет последователни натпревари со гол.

Јувентус во моментов е лидер во Серија А со три бода предност во однос на Интер, но и Лацио, кој вечерва може да ги престигне „нероаѕурите“ доколку слават во заостанатиот меч против Верона.