Роналдо не настапи на мечот со Бреша кој Јувентус го доби со 2-1, малата повреда на Португалецот го одалечи од настап на овој натпревар на кој „старата дама“  освои три бода.

Португалецот од денеска е во тренажен процес и според  најавите од Торино ќе биде во составот за средбата во сабота против Спал.

Роналдо во досегашниот тек од шампионатот во Италија постигна два гола на четири натпревари. Јувентус нема пораз во калчото и со четири победи и еден нерешен меч се наоѓа на вторто место.