Кристијано Роналдо вчера наполни 35 години, а во тие освои еден куп на трофеи и индивидуални признанија во светот на фудбалот. И покрај тоа ѕвездата на Јувентус сеуште има глад за трофеи, одлика само на оние спортисти со „шампионски“ кодирани умови.

Тој за „Канал 11“ тврди дека Јувентус има шанса да стигне до титулата во Лигата на шампиони, што била шеста во богатата кариера на Португалецот.

„Секако дека желба и амбиција ми е да стигна до титулата во шампионската лига со Јувентус. Тоа ќе ми биде трет клуб со кого би се искачил на тронот на Европа. Тешко е, тоа зависи од многу фактори, но мислам дека имаме добар тим и со право не ставаат меѓу главните фаворити за титулата“- изјави популарниот ЦР7.

35-годишниот репрезентативец има постигнато 22 гола на 28 натпревари, сезонава, а во последните два месеци посебно се наоѓа во одлична форма во кои на 9 последователни средби во Серија А постигнува барем по еден гол.