Кристијано Роналдо со голот против Наполи во победа од 2:0 во финалето од Супер Купот на Италија стана најдобриот стрелецц во историјата на фудбалот.

Напаѓачот на Јувентус испрати порака до неговите соиграчи по освоениот трофеј и објасни како гледа во однос на трката за титулата во Серија А.

„Среќни сме со победата, беше тешко, особено затоа што теренот беше катастрофа, но успеавме во нашата цел. Покажавме поразличен карактер по лошите перформанси против Интер. Тоа е минато, ова е важен трофеј и се надевам дека на тимот ќе му даде дополнително самодоверба во иднина. Милан и Интер се силни тимови, но верувам дека нието го имаме тоа што е потребно за да ја освоиме титулата. Ќе биде тешко но веруваме дека Скудетото е достижна цел.“ – изјави Роналдо.