Ѕвездата на Јувентус, Кристијано Роналдо, користи нови крампони на копачките, кои ги користат рагбистите, а се со цел да има дополнителна предност на теренот.

Според „Tuttosport“ и „Sport Mediaset“, Португлаецот верува дека промената на неговите копачки ќе донесе промена во неговото движење и брзина на теренот, која и онака е импресивна.

Тоа не е  нова идеја, бидејќи напаѓачот на Монпелје, Енди Делорт веќе ги користи овие крампони од 19 февруари. Тој во Лига 1 постави рекорд во брзина, откако при еден спринг разви брзина од 36,8 километри на час.