Лионел Меси вечерва ќе ја добие наградата „Златна топка“ во Париз, неговиот голем ривал, Кристијано Роналдо нема да присуствува на гала церемонијата.

Роналдо како што тврди „Sport Mediaset“ вечерва ќе биде во Милано каде ќе се одржи уште една гала церемонија, ќе се прогласуваат надобрите во Серија А, Португалецот ќе биде прогласен за најдобар играч мината сезона во калчото.

Во својата прва сезона во Италија, Роналдо 21. пат се запиша во листата на стрелците за „старата дама“  и вечерва добива големо признание.