Португалецот Кристијано Роналдо во интервјуа за SPORTbible зборуваше за кариерата, животот и својот бизнис кој му напредува. За фудбалерот на Јувентус на прво место е успехот.

„Не сум луд човек. Не сум опседнат со тренингот, туку со успехот, а тоа се две различни работи. Сеуште го сака фудбалот. Сакам да ги забавувам луѓето кои ме сакаат и секогаш од мене очекуваат нешто ново. Тоа нема вркса со годините, тоа е до менталитетот. Последните 5 години почнав да се бавам со работи кои не се поврзани со фудбалот и можам да кажам дека уживам во тоа“-изјави Роналдо.

Роналдо има ланец на ресторани и хотели, своја модна марка и посебно дизајнирани слушалици. Дел од луѓето го критикуваат дека ги копира спортисти како Дејвид Бекам и Мајкл Џордан кои се бават со бизнис по своите кариери.