Легендарниот бразилски напаѓач, Роналдо, призна дека не сакаше да ја напушти Барселона во 1997 година. Тој во сезона 1996/97 ја освои „Златната копачка“, но во 1997 година беше продаден во Интер за тогаш рекордни 27 милиони долари.

На крајот на сезоната го продолжив договорот со Барселона и заминав на подготовки со бразилската репрезентација. Само пет дена подоцна од Барселона телефонски ме известија дека повеќе не можам да играм за нив. Јас ништо не контролирав, а сакав да останам. Бев разочаран, бев изигран, бидејќи видов дека клубот не ме цени“, рече Роналдо за DAZN.

Роналдо во Интер остана пет години, а потоа уште толку мина во Реал.