Претседателот на Фудбалската Федерација на Шпанија, Луис Рубиалес потсети дека сеуште е рано за да се прифатат барањата за прекин на сезоната и подготовка за следната во Ла Лига.

Тој тврди дека идеата е сезоната да се доигра во целост, да нема нови поместувања во календарот и шампионот да биде одлучен на теренот.

„Информиран сум за случувањата на целата територија на Шпанија. Фудбалот мора да ги прифати мерките кои се наложени. Во моментов не прогнозираме со датум кога ќе продолжи да се игра. Секако приоритет е сезоната да се доигра. Кога земјата ќе биде подготвена, повторно ќе се игра фудбал. Сезоната мора да заврши на теренот и покрај барањата за крај и прогласување на победници и губитници.“ – изјави Рубиалес.