Вирџил ван Дајк ретко го критикуваат, ама ете дојде и до тоа.

Поранешниот репрезентативец на Холандија, Руд Гулит, го критикуваше својот сонародник за играта на вчерашната осминафинална средба од Лигата на шампионите со екипата на Атлетико.

Ван Дајк вчера одигра ужасно. Тој му подари на противникот корнер, по кој е постигнат голот, делуваше несмасно. Атлетико имаше среќа и поведе. Не е ништо готово, затоа што на „Енфилд“ Ливерпул постигнува многу голови, ама ќе мораат да бидат и подобри и побрзи“, изјави Гулит за Mirror.

Реванш-средбата ќе се игра на 11 март.