Без неколкумина стандрадни првотимци но со добра поддршка од трибините, фудбалерите на Лион се надеваат на изненадува над Јувентус во воведната пресметка од осминафиналето.

Ова го потврди и предводникот на Лион, Гарсија која денеска ќе комбинира без повредените Депај, Коне, Рафаел и Аделаиде.

„Јувентус негува сличен стил како оној на Наполи и на Емполи кога таму беше Сари. Тој е тактички одличен тренер. Сите мислевме дека ПСЖ и Ливерпул ќе слават во првата рунда па поучени од ова, сега е време ние да си ја побараме нашата шанса. Се надевам дека Јувентус нема да одигра на 100% од можностите. Ако добро се браниме, мислам дека имаше шанса и за победа.“ – изјави тренерот на Лион, Руди Гарсија.