Централниот дефанзивец на Јувентус, Даниеле Ругани објасни како го доживеал моментот кога дознал дека има коронавирус и што извлекол како поука по се што се случува во Италија.

Сега се чуствувам добро. Поминав еден навистина чуден месец, но најважно е дека сега се е добро и се чуствувам среќно. Се започна кога слушнав на вести што се случува и почнав да се плашам за здравјето на мојата сопруга која е бремена. Морав да бидам внимателен, и да заминам во изолација, им благодарам на сите кои ми помагаа особено на лекарите. Оваа ситуација која ми се случи ми носи позитивна енергија и верувам дека сега сум многу посилен ментално.“ – изјави Ругани.

Ругани беше првиот играч кој беше заразен од Ковид-19 во Серија А.