Легендата на Барн Минхен, Карл Хајнц Румениге јавно ги критикуваше ривалите од Европа за платите кои ги даваат на своите најдобри фудбалери. Тој смета дека мора нешто да се преземе за да не се дестабилизира фудбалот во целина.

„Мора да бидеме внимателни. Не ме загрижуваат само трансфер цените од 100 или 120 милиони евра кои веќе не се ни спектакуларни. Повеќе ме загрижуваат платите кои се исплаѓаат во Шпанија, Англија и во Италија. Тој тренд е опасен.“ – изјави Румениге.

Платите на фудбалерите во Германија се двојно помали од тие во Англија а конретно, сумата која ја добиват Меси и Гризман заедно е идентична си вкупната плата на половина од првиот тим на екипата од Минхен.

„Погледнете го примерот со Гризман во Барселона  и неговата висока плата на која клубот плаќа данок. Баерн Минхен нема да учествува во такво лудило. Ние ќе се обидеме да промовираме наши млади играчи секоја година кои ќе заработуваат нормални плати. Ова за нас е интересен предизвик.“ – додава Румениге.

Барселона годишно троши по 14 милиони евра месечно за платите на играчите додека Баерн Минхен 8,5 милиони евра.