Ханси Флик запиша две победи на двата меча по отказот на Нико Ковач, Баерн Минхен се врати на победничките патеки, привременото решение на клупата кај шампионот на Германија може да биде „трајно“.

Баерн Минхен со Флик на клупата запиша две победи без примен гол,Олимпијакос совладан со 2-0, Борусија Дортмунд со 4-0 во дербито на Германија.

Карл -Хајнц Румениге по двете врзани победи изјави дека Флик засега останува на клупата на Баерн.

„Во грандиозен стил Флик ја помести границата, рече дека двата меча против Олимпијакос и Дортмунд се клучни, ги доби и засега останува на клупата, не размислуваме за нов тренер иако преговри имаме со неколку познати и признати тренери“ – изјави Румениге.