Првиот човек на актуелниот европски првак Баерн Минхен, Карл Хајнц Румениге, соопшти дека баварскиот клуб не рзмислува да го донесе во своите редови капитенот на Барселона Лионел Меси.

„Кога слушнав дека Меси ја напушта Барселона ми беше жал.Тој испиша една историска страница на тој клуб и мислам дека треба да ја заврши кариера во шпанскиот гигант“, изјави извршниот директор на Баерн  Румениге.