Поранешниот капитен на Манчестер јунајтед, Вејн Руни, се наврати на двата порази на „црвените ѓаволи“од Барселона во финалните пресметки во Лигата на шампиони во 2009 и 2011 година, вперувајќи го прстот во Алекс Фергусон и неговата „самоубиствена тактика“.

„Се сеќавам дека Фергусон ни говореше дека ние сме Манчестер јунајтед и оти секогаш треба да играме напаѓачки, бидејќи тоа е во сржта на нашиот клуб.Не сум сигурен колку тоа беше исправно. Мислам дека сите ние играчите, длабоко во себе знаевме дека тоа е погрешен пристап, различен од оној кој ни донесе успех против истата таа Барселона во полуфиналето во 2008. Со таквата напаѓачка тактика во двете финалиња бевме целосно надиграни и заслужено поразени“ – изјави Руни.