Поранешниот напаѓач на Јунајтед, Вејн Руни смета дека неговиот поранешен клуб е во криза од која може да се извлече по 3 годинисо одредени промени.

Руни го предводеше Дерби Каунти против Јунајтед во ФА Купот но неговиот актуелен клуб беше поразен со 3-0.

Легендарниот напаѓач на Јунајтед изјави дека клубот од Манчестер за да се врати во врвот на англискиот фудбал ќе му треба време.

„Потребно е време, мислам дека се потребни 2-3 години, мораат да доведат нови играчи, некои да заминат.  Тоа е процес за кој треба време, но мора да се случи доколку клубот сака повторно да биде на врвот“  – беше искрен Руни.

Јунајтед во моментов е петти на табелата во Премиерлигата, стигна до осминафиналето во Европа лигата и до четвртфиналето во ФА Купот.