Легендарниот англиски фудбалер, Вејн Руни официјално ја заврши професионалната  играчката кариера и ќе започне со работа како тренер.

Руни ќе работи со второлигашот Дерби Каунти, во овој клуб отој е од минатата година и играше по враќањето од Америка.

„Мислам дека Дерби Каунти има одличен потенцијал, квалитетот на играчите,  стадионот, тренинг центарот, се база која ветува дека клубот може да напредува, имав и други понуди но ова е вистинското место за мене“ – изјави Руни.

Руни ќе има главна задача да обезбеди опстанок со клубот во кој ќе работи следните две и пол години.