Поранешниот англиски репрезентативец Вејн Руни е пред своето менаџерско деби.

Англиските медиуми објавија дека Руни е најсериозен кандидат да го замени Филип Коку на клупата на Дерби Каунти.

Холанѓанецот, кој дојде во Дерби Каунти во јули 2019 на местото на Френк Лампард,  во саботата доби отказ по серијата катастрофални резултати кои го заковаа Дерби на последното место во Чемпионшип со само шест бодови.