Најдобриот стрелец во историјата на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни призна дека во 2010 година сериозно размислувал да го напушти тимот на Сер Алекс Фергусон и да се пресели во Барселона.

Руни бил исфрустриран од двата порази во финалињата од ЛШ од составот тогаш предводен од Гвардиола.

„Во мојата глава во тие ден-два, навистина бев подготвен да игра во Шпанија. Идеално ќе беше ако бев во Барселона, иако поизгледно беше да потпишам за Реал Мадрид околку за Барса. Челси секога беше можност. Се сеќавам како седам еден ден и си замислував како играм во Барселона со Чави, Меси, Иниеста и Бускец. Тоа беше перфектно. Видов дека и Мурињо призна во документарецот дека сакал да ме купи во Челси. Но, Фергусон успеа на маестрален начин да ме убеди да останам во Манчестер.“ – вели Руни.