Поранешниот репрезентативец на Англија, Вејн Руни е во преговори да се врати на островото и тоа со двојна улога како тренер-играч во екипата на Дерби Каунти.

Англиските медиумите тврдат дека агентот на легендата на Манчестер Јунајтед веќе ги започнал преговорите со управата на Дерби и можно е договорот да биде затворен до крајот на следната недела. Руни во јануари ќе биде слободен играч откако ќе истече соработката со ДЦ Јунајтед од САД и можно е веднаш да се врати во Британија.

Руни има 33 години и неодамна најави дека посакува да се проба во тренерските води, тој е рекордер по бројот на постигнати голови за Англија, на 120 натпревари во дресот на „Гордиот Албион“ постигна 53 гола.

Исто така Руни е најдобар стрелец во историјата на Јунајтед со 253 гола на 559 натпревари.