Русија се понуди да ја преземе поголем дел од организацијата на ЕУРО 2020.

Заменикот на премиерот на Русија, Дмитриј Чернишенко, изјави дека Русија, која претходно го организираше и СП во 2018 година, е подготвена да организира многу повеќе натпревари од тие што и се доделени со сегашниот распоред.

Ние апсолутно можеме значително да ја прошириме програмата на турнирот во нашата земја“, изјави Чернишенко за државната новинска агенција ТАСС.

Русија е една од ретките земји во кои фудбалот се уште се игра во присуство на публиката, чија бројка е ограничена на 5000 луѓе.