Ерлинг Халанд е главна тема летово на трансфер пазарот, Норвежанецот е желба на повеќе клубови од Премиерлигата, но се чини дека најзагреан е Челзи.

Роман Абрамович е решен да го доведе Халанд во Челзи, за тоа подготвил 175 милиони евра. Медиумите од Англија пишуваат дека Борусија Дортмунд нема да може да ја одбие оваа понуда во време на финансиска криза на клубовите.